Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот американски актер Кирк Даглас, кој е еден од последните живи ѕвезди на т.н.. златна ера на Холивуд,го слави својот 100-годишен јубилеј.
Како раскажа самиот тој во интервју за неделникот “Клоузр викли” (Closer Weekly), тој ќе го одбележи празникот, кој ќе биде навистина голем, во вилата во Лос Анџелес (Калифорнија).
Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запомнет меѓу другото и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.
Тој трипати беше номиниран за наградата Оскар за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш и тоа во 1996 година, кога доби Оскар за животно дело