Mercedes-Benz E класа – новото купе на германскиот гигант


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во јавност излегоа првите детали за новата генерација на купето Mercedes-Benz E-класа, што треба да се појави  во 2017 година. Ова ќе биде најмоќната верзија во историјата на моделот – подарок од AMG за фановите на брендот по повод 50-годишната на спортската поделба, пренесува Автоплус.

9-12-mercedes-benz-e-class1

Новата E-класа ќе биде првиот модел на брендот, кој ќе добие V6 мотор со кодна ознака M256. Моторот со зафатнина од 3,0 литри со електрична турбина ќе нуди моќност во рамките на 408 КС, а ќе биде биде опремен со старт-генератор и дополнителен електричен компресор. Оваа верзија на моделот ќе ја добие ознаката Mercedes-AMG E50 Coupe 4Matic.

9-12-mercedes-benz-e-class2

На почетокот на продажбата купето ќе излезе во 5 верзии опремени со 4 и 6-цилиндерски мотори. Основната варијанта Е 200 Coupe ќе добие мотор со зафатнина од 2.0 литри и моќност од 184 КС. Истиот мотор ќе биде достапен и за E 300 Coupe, но ќе биде форсиран до 244 КС.

9-12-mercedes-benz-e-class3

Топ-верзијата ќе биде E 400, но моќноста на нејзиниот мотор е непозната во моментов. Ќе има и две дизел верзии со две нивоа на моќност од 195 и 253 КС. Системот за погон на четири тркала ќе биде достапен за сите модификации со исклучок на E 300, каде преносот ќе биде целосно на задните тркала. Основната E 200 ќе добие 6-степен мануелен менувач, а останатите варијанти – автоматски со 9 брзини.

9-12-mercedes-benz-e-class4

Покрај купето во 2017 година Mercedes-Benz ќе предложи и кабриолет Е-класа, кој ќе дебитира пред публиката за време на автосалонот во Женева во март.

9-12-mercedes-benz-e-class5 9-12-mercedes-benz-e-class6 9-12-mercedes-benz-e-class7