Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петгодишно девојче од селото Бесник на северот на Црна Гора, почина во вторникот на Институтот за болести на децата, откако родителите се обиделе да ја исчистат од вошки со помош на етиол, течност што се користи во земјоделството за уништување на инсекти.
Девојчето пред неколку дена беше итно примена на Институтот заради труење со пестициди.
Лекарите велат дека ова не е прв случај децата што имаат вошки да се третираат со пестициди.
Обвинителството отвори истрага и нареди врз телото на девојчето да биде извршена обдукција.