Направи пауза и дипломираше, но се врати: „Снимив порнич оти бев напалена“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брук (Brook) е порно актерка која својата прва порно сцена ја снимила на 18 години, а сега за The Independent малку позборува за својот приватен живот.

32-годишната актерка во филмови за возрасни снимаше во порно индустријата до својата 26-та година, а тогаш одлучи да направи пауза. „Дефинитивно бев премлада, не можев да размислувам разумно за своите постапки“, изјави Брук, која сега се враќа на порно стазите.

A photo posted by PlanetHot (@bluexstarz) on

„Се враќам после паузата. Работев од 2001 година до 2010 нон стоп, без пауза. Тоа е навистина долго време. Никогаш не сум снимила анален секс или генгбенг, секогаш преферирав само ’ванила-секс’. Да работиш толку долго време во секс индустријата без пауза не е нормално. Затоа излегов оттаму на 26 години и тогаш сфатив дека постојат многу луѓе кои не го разбираат тоа. Но, таква е Америка и нејзиното општество“, вели актерката.

За време на шестгодишната пауза од снимањето порно филмови, Брук се посвети на студиите по психологија, катедрата на која дипломираше како една од најдобрите студентки во генерацијата, а сега запиша и постдипломски студии. Сака да студира и право, но се плаши дека ќе има големи потешкотии при вработувањето, бидејќи секојдневно се среќава со бројни предрасуди во американското општество.

A photo posted by @hughhoofhearted on

„Патував низ светот и сфатив дека ваквите предрасуди најмногу се американски проблем. Тоа го нема во толкава мера во Европа, Јапонија, Турција и другите држави“, вели Брук.

Таа е посветена и грижлива мајка на 4-годишна ќерка. „Никогаш не би ја запишала во државно училиште, знам дека другите деца би ја задевале поради мене и мојата работа“, вели Брук и додава дека и самата таа се соочувала со осуда од сопствените родители.

A photo posted by Beautiful Womens (@xtarsphoto) on

„Моите родители не го разбираат ова што го работам. Повторно станавме блиски кога направив пауза, но сега се вратив пред камерите, а планирам и да отворам своја веб страна. Ја мразат мојата работа и не им беше мило кога им соопштив дека се враќам во бизнисот. Мене тоа ми е смешно, секоја мајка која ја оставила работата откако се породила природно е да сака да се врати на работното место. Излегов, студирав, сега сум на постдипломски, имам дете, но навистина ми недостигаше работата. Ми недостига слободата, уметничкиот израз. Едноставно, сакам секс“, заклучува Брук.

„Минатата недела го снимив својот прв порно филм после паузата и баш ми беше забавно. Бев многу напалена. Единствено после снимањето е тоа што сè ме боли, сум излегла од кондиција и ритам, но тоа е добра болка“, додава таа.