Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул оваа сезона не учествува во европските купови, па фудбалерите и стручниот штаб имаат повеќе време да се подготват за своите натпревари во домашното првенство.
Тоа на одличен начин го искористи германскиот тренер, Јирген Клоп кој го однесе целиот тим на дводневна посета во Барселона за сплотување на тимскиот дух или своеврстен тим-билдинг.
„Црвените“ исто така го искористија ова патување за од трибините на Камп Ноу да го проследат натпреварот помеѓу Барселона и Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампионите.
Целиот тим денес се враќа во Англија и ќе почне со сериозните подготовки за дуелот со Вест Хем во недела.