Започна гласањето на најнеизвесните избори: Денес гласаат членовите на избирачките одбори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од седум часот утрово почна гласањето за деветтите парламентарни избори во земјава. Првите гласови партиите ги добија од членовите на избирачките одбори, кои треба да заминат во дијаспората за да го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва. Гласањето се врши во просториите на Државната изборна комисија од 7 до 19 часот, а вкупно гласачи на списокот се 325 лица.

Гласањето почна во чудна атмосфера, со многу нејаснотии и незадоволство меѓу граѓаните. Во очи на изборите, се уште стигаат пријави од граѓани за изборни нерегуларности и лажни гласачи во Избирачкиот список.

Најмалку 30 пријави стигнале до граѓанската акција Ние одлучуваме, каде граѓаните се јавуваат дека фантомските гласачи кои ги пријавиле се уште фигурираат на нивната адреса. Ние одлучуваме ги повикаа институциите да реагираат и да поднесат кривични пријави против ДИК, поради несовесно работење и непостапување по пријавите од граѓаните за бришење на непостоечките гласачи.

Дојави за изборни нерегуларносит има и во невладината ЦИВИЛ, од каде  алармираат дека гласачи кои биле пријавени пред затворањето на Избирачкиот список, сега без објаснување биле избришани од списокот.

Од ДИК, пак, тврдат дека имаат целосна контрола врз изборниот процес. Од Комисијата демантираат дека се отпечатени 80 илјади пробни гласачки ливчиња.

Државната изборна комисија ги известува сите граѓани дека изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на Државната изборна комисија. Исто така, испечатени се и гласачките ливчиња и се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови, соопштија од ДИК.

Во петок наутро избирачкиот материјал ќе биде доставен до избирачките места низ целата територија. Од ДИК, на вчерашната средба со премиерот Емил Димитриев, побарале зајакнување на обезбедувањето на оние избирачки места каде нема соодветни услови за чување на избирачкиот материјал. Гласачките ливчиња се во фаза на подготовка за печатење и дека за првпат оваа година на нив ќе има и фотографии од гласачите за полесна идентификација и спречување на евентуални злоупотреби.