Видео: Сити пропушти голема шанса да го симне лидерот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во првото дерби денеска, меѓу Манчестер Сити и лидерот Челзи, избраниците на Гвардиола ќе имаат за што да жалат. Имено, домашните го завршија првиот дел со водство од 1:0, а на почетокот на вториот дел имаа шанса да го решат мечот, но кога шансите не се искористуваат, следува казна!

Во дербито на 14. коло во Премиерлигата, Челзи со три бода си оди од Етихад Стадионот. Избраниците на Антонио Конте имаат осум победи во низа и четири бода предност на табелата.

Сините од Лондон беа попрецизни во клучните моменти и успеаја да направат комплетен пресврт. Во меч со неколку спорни моменти, во кои најчесто домаќините беа тие што се бунеа на судските одлуки, првиот гол падна дури во финишот на првиот дел и тоа откако Агуеро се изнапромашува, а домашните заводеа преку автоголот на Кејхил.

На почетокот на вториот дел повторно домаќините беа поконкретни, а Де Брујне успеа од само неколку метри да ја погоди пречката, по што следуваше казна. Казната стигна во следниот напад. Диего Коста израмни во 60 минута, десет минути по него во листата на стрелци се впиша и Вилијан за пресврт што го потврди Азар по контранападот во 90 минута.

Инаку, Сити мечот го заврши со два црвени картони, откако во судиското продолжение и Агуеро Фернандињо беа испратени во соблекувалната, пишува Спортски.мк.