Го бркале со хеликоптер: Македонец во Австралија уби француски турист


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Австралиската полиција го сомничи Панде Велески (35) од Мелбурн за смртта на еден француски турист во северниот дел од земјата, во напуштено место познато како Конорс, на 100 километри од Алис Спрингс.

Според информациите од австралиските медиуми, Велески во четвртокот под полициски надзор престојувал во болницата Алис Спрингс.

Апсењето на Велески следува откако во средата еден човек бил избоден до смрт во областа позната како Конорс Вел.

Полицијата информира дека францускиот турист и неговата жена биле на туристичка посета на местото Конорс кога еден човек почнал да им се приближува. Без никаква причина тој го пробол 33-годишниот Французин во вратот и избегал со својот автомобил.

Шокираната сопруга го запрела првиот автомобил, чии патници се обиделе да му дадат прва помош на францускиот турист и го пријавиле случајот.

Поради изолираноста на местото, полицијата не можела веднаш да реагира на повикот.

Во текот на ноќта полицајците го пребарувале местото, а потоа во четвртокот наутро решиле во потрагата да вклучат и хеликоптер. Набрзо потоа, Велески бил уапсен од страна на властите.