Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австријците бараат построги закони и казни за насилство врз децата, но сепак две третини од нив сметаат дека шлаканицата е прифатлива воспитна мерка. Едно испитување покажа дека многу луѓе не се сосема сигурни кога воопшто почнува насилството врз децата.
95% отсто сметаат дека „тепањето од таткото“ е јасно насилство, но само 34% сметаат дека „благата“ шлаканица е насилен акт, покажа истражувањето институтот „Галуп“.
– Тоа значи дека многумина ја поддржуваат формата на насилство како што е шлаканицата и покрај 25-годишната забрана на примена на сила во воспитувањето, оцени директорот на невладината организација „Меве“, Хедвиг Велфл.
Сепак 88% од Австријците сметаат дека насилство е ако некој непознат, односно сосед или наставник му удри шлаканица на дете, додека 79% сметат дека насилството е ако мајката му удри шлаканица на сопственото дете.
– Доколку примената на сила се одвива во семејството тоа се смета за легитимна мерка на воспитување, појасни Велфл.
– Ако родителите подолго време не зборуваат со детето, како вид на казна, тогаш само 26 отсто сметаат дека тоа е насилство, иако се работи за психичко насилство, наведе таа, предупредувајќи дека последиците на психичкото насилство се потценуваат, затоа што децата така не учат како да ги решаваат конфликтите на конструктивен начин.
Меѓу децата и младите расте бројот на сајбермобинг или хепи слепинг, т.е. напади врз непознати, ученици или наствници, кои се снимаат и потоа се објавуваат на социјалните мрежи.
– Насилството меѓу децата и младите е во пораст, додаде Велфл.