Артан Груби: УЧК ги води Собранието и Владата, албанскиот веќе е официјале јазик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Артан Груби во „Топ тема“ на Телма изјави дека УЧК ја води Владата и сè уште е во неа. УЧК го води Собранието, УЧК ги води општините во Македонија, тврдеше Груби.

Тој потврди дека огромно мнозинство од ветераните на УЧК во изминативе години се вработени во државната администрација, но и дека ги има и во администрацијата, земаат плата и седат дома.

Ситуирани се огомното мнозинство членови на УЧК, ги вработи Владата на ДУИ. Луѓето на УЧК ја водат Република Македонија, Али Ахмети е лидер на ДУИ, основач на УЧК во Македонија, Косово и Прешево.

Со Уставот абанскиот јазик е еднаков секаде, Уставот се однесува на цела територија, албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија, рече Груби.

Скопје е двојазично, албанскиот јазик секаде се зборува, Бутел ќе биде следна општина која ќе биде менаџирана од градоначлник Албанец, врз основа на политиките на ДУИ и демографските околности, рече Груби.

Тој кажа дека ДУИ бара одговорност за тие што прислушувале, но и дека Скопје 2014 е непродуктивно.