Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо го заработи второто исклучување оваа сезона. Откако мораше да замине на трибини на мечот против Барнли, црвен картон доби и против Вест Хем.
„Специјалниот“ полуде бидејќи судијата не виде наводен прекршок над Погба па го шутна шишето со вода, а судијата го испрати на трибините.
Мурињо mUпоради тоа ќе добие најмалку два натпревари суспензија, иако поранешниот англиски судија Грахам Пол тражи жестока казна.
„На судиите им е доста од непочитувањето кое го покажува Португалецот. Луѓето си ја работат својата работа, како и ФА. Мислам дека Мурињо треба да добие 6 натпревари суспензија за да се опамети“, смета Пол.
Интересно, Јунајтед во првенството доби еден од последните седум натпревари, а тоа беше токму оној натпревар на кој Мурињо беше суспендиран.