Иновациите – основа за развој во агробизнисот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На конференцијата присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии.

Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.

Министерката на информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска, напомена дека примената на ИКТ во земјоделството е потреба и неминовсност и дека постои потенцијал за развој на оваа дејност. Горан Поповски, претседател на МАСИТ ги повика сите производители да побараат ИКТ решенија кои ќе им донесат подобри продукти, приноси и ефикасност во производството. Емилија Спировска, член на Управен Одбор во ПроКредит Банка, потенцираше дека ПроКредит активно го поддржува агро секторот во Македонија и инвестициите во паметно земјоделство кои придонесуваат за попродуктивни производствени процеси, а со тоа и поврат на инвестицијата од 3 до 7 години. ПроКредит е пример за имплементација на иновативни технологии во своите Зони 24/7 и е првата банка со 99% автоматизација на готовинските и безготовинските трансакции.

Традиционално, ПроКредит Банка како лидер во финансиска поддршка на агро секторот ги награди најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 год: Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледвуање на декоративни дрва и растенија  и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено. Наградените пртприемачи се пример за успешна имплементација на иновативни технологии и даваат придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.

Целта на оваа конференција беше поврзување на ИКТ и агро секторот во Македонија со цел унапредување на земјоделските процеси, а беше организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии,  ПроКредит Банка и АгФутура Технологии.