Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тахини или паста од сусам се прави од мелени препечени семки од сусам и вообичаено се користи во грчката и турската кујна, како и во одредени земји во Африка и Азија.
Тахини изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Пастата од сусам можете да ја подготвите сами, така што ќе сомелете семки од сусам и во нив ќе додадете масло по избор и малку сол.
Како основна мерка можете да земете 150 грама мелени семки од сусам и две супени лажици маслиново масло. Семките од сусам содржат сезамол, лигнин и сезамин кои помагаат во одржувањето на телесната тежина.
За овие состојки некои истражувања покажаа дека го намалуваат и ЛДЛ холестеролот.
Исто така го намалуваат и ризикот од појава на хормон-зависни тумори.
Големата количина на магнезиум и калциум која ја содржи сусамот помага во намалувањето на крвниот притисок.
Се препорачува секојдневно да се јаде по две до три лажици тахини.