Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Научниците чија задача е пронаоѓање на нови егзопланети периодов имаат полни раце работа.
Откриена е нова егзопланета со неколку интригантни карактеристики – таа орбитира околу GJ 536, ѕвезда од типо црвено џуџе, која се наоѓа на 32.7 светлосни години далечина од земјата. Таа е наречена супер-Земја поради нејзината големина – таа класификација ја добиваат планетите кои имаат маса еднаква или 15 пати поголема од онаа на земјата. Конкретно, GJ 536 b има маса за 5 пати поголема од Земјата.
Научниците исто така откриле дека орбиталниот период на планетата е помалку од 9 „наши“ дена, бидејќи се наоѓа на 0.06661 AU растојание од матичната ѕвезда. Инаку, една AU (astronomical unit/астрономска единица) е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.
Сите овие податоци се добиени благодарејќи на инструментите HARPS (High Accuracy Radial velocity Planet Searcher) и HARPS-N.
Светлината на црвеното џуџе и близината на планетата до него ги прават овие објекти идеални кандидати за преносна спектроскопија – техника која научниците ја користат да ја истражат хемиската композиција на атмосферата на некоја планета, базирано на начинот како светлината од ѕвездата навлегува во неа.