Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостите ви се најавија дека ќе пристигнат за половина час, а вие немате изладено во фрижидерот шише со омиленото вино. Сепак, нема простор за паника, затоа што постои еден одличен трик кој ќе ви помогне да ја поправите грешката.
Тајната е во една состојка на која сигурно не сте сметале и која ќе помогне вашето вино да се излади што побрзо, а се работи за солта.
Се што ви треба е обична канта или кофа, вода, коцки мраз и неколку лажички сол. Солта во комбинација со мразот брзо ја лади водата.