ФОТО: Сообраќајка во Кичево, со Ровер се качи на дрво


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сообраќајна несреќа во која за среќа причинета е само материјална штета се случила рано утрово околу 4:50 часот во Кичево.

Од полицијата за медиумите велат дека 24-годишниот Ф.Г. од Албанија управувајќи Ленд Ровер во кој имало уште двајца сопатници, изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и излетал од коловозот.

Автомобилот удрил во дрво кое се наоѓало на пешачката патека на булеварот Ослободување, кај кружниот тек.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.