Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сè започнало оној ден кога 4 годишната Нора Вуд од САД отишла со мајката во супермаркет за да пазари за својот роденден. Во еден ред меѓу полиците видела еден тажен стрец и застанала. Му мавнала со раката и му рекла „Здраво, стар човеку. Денес ми е роденден“.
Тоа му го кажала на 82-годишниот Ден Петерсон кому сопругата му починала шест месеци претходно по што тој паднал во тешка депресија. Изненаден, Ден ја погледнал со малку насмеано лице и ѝ одговорил: „Па здраво млада дамо, како си денес? “
Двајцата разговарале неколку минути, а мајката подоцна раскажала дека глетката била неверојатна. Разговарале како да се познаваат со години, а на крајот таа посакала да се слика со него. Позирале заедно гушнати како стари пријатели кои не се виделе со години.
По оваа средба тие станале вистински пријатели кои постојано се гледаат. Ден дури бил и на вечера во нејзниот дом. Малото девојче, како што вели старецот, му го променила животот и му дала причина за живот која ја загубил кога починала неговата сопругата. Да ја гледа како расте.
„Тој ден кога ја запознав беше најдобриот ден кој го доживеав по долго време. Пред да го сретнам ова весело девојче, со месеци бев депресивен, се сожалував самиот себеси и на сè гледав песимистички. Таа ме врати во живот, повторно внесе светлина во него, чувство на среќа“, вели Ден.