Мистериозна девојка спиеше по улиците на Рим – откриен нејзиниот идентитет и проблем


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мистериозната русокоса девојка која скиташе по улиците на Рим и зборуваше само англиски го привлече вниманието на јавноста.

На социјалните мрежи се расправаше на широко која е таа и од каде дошла, а многумина тврдеа дека е Меделин МекКејн, девојчето кое во 2007 година исчезна во Португалија.

23-11-devojka-italija1

Иако полицијата објави дека нејзиното име е Марија и има 20 години, а доаѓа од Велика Британија, сепак, на крајот испадна дека станува збор за 21-годишната Швеѓанка Ембли Јаухојарви која боледува од Асперегов синдром, пренесува Mail Online.

Нејзиниот татко Тахво изјави дека таа пред половина година заминала за Италија да учи италијански и оттгаш се немала јавено дома. Тој ја контактирал шведската полиција, но тие не сакале да се мешаат „бидејќи станува збор за возрасна личност“, објасни тој.

Ембла е најдена без документи, а сите минувачи кои ја сретнале ја опишаа како пристојна девојка која ги одбивала парите кои ѝ нуделе. Со недели носела исти алишта, а спиела по улиците на Рим.

Во Италија за неа почна да се зборува кога таа заврши во емисијата Chi I’ha Visto, а беше и тема на коментари и дискусии на Фејсбук страницата Missing Persons of America, каде се нагаѓаше дека станува збор за некоја од исчезнатите девојки од САД.