Челзи во пол-позиција за „новиот Ибра“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челзи е фаворит пред Пари Сент Жермен и Јувентус за доведување на младата ѕвезда на АИК, Александер Исак, кој во Шведска го нарекуваат „Новиот Ибрахимовиќ“.

Оваа информација ја откри „ЕСПН“ чии извор близок до шведскиот клуб тврди дека „сините“ се во пол-позиција за новата фудбалска сензација во Европа.

„ПСЖ оствари контакт со АИК безброј пати, но никогаш немаше официјална понуда“, изјави неименуван извор кој потврди дека Челзи веќе испратил понуда од 11 милиони евра.

Медиумите тврдат дека АИК за младиот напаѓач бара сума од 16 милиони евра, а сите три споменати клуба се спремни да ја платат.

Исак минатата сезона постигна 10 гола на 24 настапи во шведското првенство и така го привлече вниманието на европските гиганти.