Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На третиот ден од предизборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави програмата пред граѓаните на Неготино (17.30 часот) и Кавадарци (20.00 часот), а СДСМ ќе митингува во Демир Хисар и во Кичево.
Според најавената програма, Коалицијата за промени и правда, предводена од ДС ќе одржи средби со граѓани во Кавадарци и Неготино, како и пресконфренција во Скопје .
ДУИ за во 11.00 часот најави прес-коференција на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица Артан Груби во партиското седиште во Скопје, а ДПА во 18.30 часот ќе се претстави пред граѓаните со Челопек.
Во Сарај, пак, во 19.00 часот митинг ќе одржи Коалицијата Алијанса за Албанците.