Јувентус со официјална понуда за Ивановиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за дефнзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Ивановиќ ќе биде слободен на крајот на сезоната, а најверојатно нема да го продолжи договорот па „бјанконерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и како слободен агент да го донесат во Торино.

Според информациите од медиумите „старата дама“ на Србинот му нуди договор на две сезони и годишна плата од 2,5 милиони евра, па двете страни се блиску до договор.

Како што е познато Лихштајнер нема да го продолжи договорот и на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, а Ивановиќ би бил одлична замена, особено поради фактот што може да игра и како стопер на местото на Барзаљи.