Трамп крева раце од некои предизворни ветувања


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Избраниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од некои негови ветувања дадени за време на изборната кампања.

Тој во интервју за весникот Њујорк тајмс изјави дека ги остава отворени опциите во врска со неговата најава дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор за климатските промени. Според него, сепак имало некаква врска меѓу човековата активност и глобалното затоплување.

Тој исто така го омекна и ставот од изборната кампања во врска со неговиот демократски ривал Хилари Клинтон, односно дека ќе треба судски да одговара за користењето на приватната имејл адреса додека била државен секретар.

Не сакам да им наштетам на Клинтонови, изјави тој. Трамп се дистанцира и од екстремно десничарската група која одржа прослава за неговата победа со нацистички поздрави.