Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудската актерка Кејти Холмс во врска е со колегата Џејми Фокс уште од 2013 година, но се уште не потврдиле јавно дека се забавуваат.
И додека многумина сметаат дека двојката на тој начин сакала да ја сочува својата приватност, американските таблоиди сега пишуваат дека тоа не е случај.
Всушност на почетокот, Кејти ја криела врската со Фокс бидејќи се плашела дека поранешниот сопруг Том Круз ќе и ја одземе ќерката Сури, а со оглед на тоа дека такво нешто не се случи Кејти сега сака јавно да се гледа со актуелниот партнер.
– Кејти е лута бидејќи Фокс не сака јавно да потврди дека е во врска со неа. Таа по секоја цена сака да се омажи за него, а тој побарал пауза од неколку месеци во врската, изјави извор близок до актерката.