Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот S.O.S. (Save Our Souls или Save Our Ship) е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.
S.O.S. е интернационалниот морзеов коден сигнал (· · · – – – · · ·) кој првично беше усвоен од германската влада во радио регулативата на први април, 1905 година. Во светските стандарди беше вклучен на втората Интернационална Радиотелеграфска Конвенција во Берлин, со указ кој беше потпишан на 3 ноември, 1906 година, а ефективен стана на 1 јули, 1908 година.
S.O.S. беше поморски предупредувачки и безбедносен радио сигнал до 1999 година, кога беше заменет со Global Maritime Distress and Safety System. Сепак, С.О.С. сè уште се користи како визуелен сигнал за помош.