Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина сметаат дека божиќните и новогодишни празници почнуваат кога Coca-Cola ќе ја објави својата нова, годишна божиќна реклама, а тоа секоја година се случува сè порано и порано.
Овогодинешната позната реклама на интернет се појави овие денови, а на Твитер веднаш почнаа со револтирани реакции поради еден момент од истата кој, како што тврдат твитерџиите, им го расипал празничниот дух.
Имено, освен црвениот камион, рекламата имаше уште еден маркантен препознатлив момент – намигнувањето на Дедо Мраз на крајот од истата. Но, Дедо Мраз пред неколку години одлучи веќе да не намигнува, што резултираше со револт кај обожавателите на освежителниот и безалкохолен пијалак ширум светот. Ситуацијата со рекламата и реакциите не беше ништо поразлична и оваа година.
„Не е исто ако Дедо Мраз не намигне“, „Ве молам направете Дедо Мраз да намигне како порано“, „Зошто Дедо Мраз не му намигнува на детето“, се само некои од мноштвото коментари со кои се „распукаа“ Coca-Cola фановите на социјалните мрежи.