Здраво е, но треба со мера: Неколку знаци дека претерувате со вежбање


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Редовното вежбање е есенцијално за доброто здравје – ви помага да ја одржите телесната тежина, да го намалите ризикот од развивање разни типови рак и други болести, да го подобрите менталното здравје и да си го продолжите животот.

Меѓутоа и тоа треба да е во умерени количини, бидејќи сè што е претерано може само да ви штети. Еве неколку симптоми кои ќе ви укажат на тоа дека премногу вежбате:

1) Се „убивате“ од вежбање, но нема видливи резултати

Кога постојано вежбате со часови користејќи една иста рутина, вашето тело се адаптира на неа. Повеќето луѓе само ги заменуваат вежбите (за да ја избегнат менталната досада при правење на едни исти), но ретко ги менуваат тежините, бројот на повторувања и сетови, како и интензитетот. За да избегате од рутината, потребно е да го менувате сето ова. Плус, некогаш наместо кардио извежбајте уште на неколку машини со тежина или наместо да трчате половина час на лента, употребете ја HIIT методата (тренинг со висок интензитет во кратки интервали) и трчајте/спринтајте/чекорете по неколку минути наизменично. Ова ќе доведе до поминување помалку време во теретаната, согорување на поголем број  калории и на подобрување на дефиницијата на мускулите.

2) Срцето забрзано ви чука и надвор од теретана

Зголемениот притисок и забрзаното чукање на срцето не е резултат само на премногу кафе – тоа може да биде последица и од премногу вежбање, бидејќи тоа доведува до болка, дехидрација и дисбаланс на електролитите.

Доколку ваквите симптоми продолжат и по намалување на интензитетот на вежбањето и зголемувањето на периодите со одмор, проверете на доктор да не случајно постојат други причини за нив, како прекумерно активна тироидеа, некоја инфекција или болест на срцето.

3) Чувствувате хронична болка наместо DOMS

Одредена болка по вежбањето (т.н DOMS – delayed onset muscle soreness) е нормална, но симптомите не смеат да се хронични. DOMS-от трае 1 до 3 дена, а доколку постојано сте во болки, тоа значи дека телото не се опоравува како што треба. Опоравувањето се одвива кога мускулите и нервниот систем се одмораат и имаат доволно хранливи материи.

Ако вашите мускули постојано ве болат, намалете ги деновите кога вежбате и интензитетот на вежбите или одреден период префрлете се на аеробичен фитнес.