„Уживај во вревата додека можеш“ – најдобриот совет кој го добила една мајка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џејми Примак, откако во продавница доживеала мини нервен слом, го сменила своето размислување по советот што го добила од една постара госпоѓа. Зборовите на утеха, кои во тој момент и ги кажала постарата жена, би требало да ги прочита секој родител:

– Стигнав дома од Њујорк. Имав лет од два часа, цела ноќ не спиев и стигнав токму на време за да ги соберам децата од училиште. Заминавме дома, се пресоблековме, ги спакувавме ранците и торбите, ја почнавме домашната работа, јадевме, го прошетавма кучето, ја исправ облеката, направив листа со намирници, ја завршивме домашната, ги наполнивме шишињата со вода и повторно седнавме во автомобилот за да ја одвезам Оливија на кошарка. Имав само 50 миниту да тркнам до маркетот и да купам се што ми е потребно за дома.

Веднаш откако влеговме во продавницата, Макс и Чарли видоа цвеќе, потоа балони, а потоа и бесплатни примероци. Тука беше и моментот кога ја загубив контрола. Врескаа, се бркаа, допираа се и сешто, додека јас во меѓувреме бев целосно загубена и ништо не можев да пронајдам.

Додека така лутав околу полиците, почна повторувањето: „Можеме ли да земеме лижавчиња? Можеш ли да ми го држиш балонот? Гладен сум! Можам ли да го јадам ова?“ Моите нерви висеа на конец. Најпосле откако 15 пати ги замолив да се смират, да се стишаат, да стојат до мене, да престанат да допираат се и сешто, лицето ми овена. Мојата брада се спушти на градите. Бев физички и психички исцрпена.

Одеднаш се појавија два меки прста и нежно ми ја кренаа главата: „Главата горе драга моја“. Една постара госпоѓа од околу 80 години, преубаво облечена со прекрасни бисерни обекти, средена фризура и топла насмевка. И возвратив со насмевка. „Толку сум уморна“. Ги погледна моите момчиња, кои се смееја и трчаа по балоните и ми рече: „Сите ние сме уморни. Само прашањето е од што. Јас сум уморна од тишината. Мојот сопруг почина, моите деца пораснаа и повеќето време не слушам убаво, така што за мене оваа врева е убава. Уживај во неа додека се уште можеш“.

И се заблагодарив и продолжив со купувањето. Минатата ноќ се помолив за оваа баба, за нејзиното добро срце и за деновите кои и останале. Не можам со зборови да ја опишам благодарноста, која ја чувствував, поради тоа што, барем на кусо, ме потсети на вистинските вредности.
Вести од истата категорија