МЗТ Скопје има нов тренер!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Сплит и на Задар, Анте Назор, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, окако денес потпиша договор до крајот на сезоната, со можност на продолжување во следните две години.

Назор, кој ќе биде првиот тренер од Хрватска на клупата на МЗТ Скопје Аеродром во поновата ера на клубот, доаѓа на местото на Александар Јончевски, кој, пак, претходно го замени Емил Рајковиќ со кого беше почната сезоната. Неговото доаѓање во Скопје се очекува за сабота вечер, а првото запознавање со играчите треба да го има в недела.

„Сино-белите“ утре ќе ги одмерат силите со ФМП во меч од 10. коло од АБА-лигата, на кој ќе бидат предводени од помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ, кои потоа ќе му се стават на располагање на новиот тренер.

Назор пред себе ќе има една седмица до дебито на клупата на аеродромци, следната недела на гости против Игокеа, време кои максимално ќе го искористи за аклиматизација, напорно тренирање и поставување на сопствениот систем врз кој ќе игра МЗТ Скопје Аеродром на следните натпревари.