ДИК го објави редоследот на партиите на кандидатските листи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Државната изборна комисија го спроведе жребувањето за редоследот на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори.

Под број 1 на кандидатските листи  ќе настапува широката коалиција на ВМРО – ДПМНЕ, под 2 е ДПА, под 3 ДУИ, под 4 СДСМ.  Под број 5 настапува Коалицијата за промени и правда, под 6 ПДП.

Коалицијата на Албанците (ДР-ДПА, Унитети и НДП) ќе настапат под број 7, Либерална партија под број 8, Коалицијата ВМРО за Македонија под 9, под број 10 настапува Движењето Беса и последни, 11 на листите ќе настапуваат членовите на „Левица“.