Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на Челзи е силно заинтересирано за ѕвездата на Баер Леверкузен, Хакан Чалканоглу и дека веќе работи на трансферот.
„Сините“ најверојатно во зимскиот преоден рок ќе се ослободат од Оскар, бидејќи Конте не смета на Бразилецот, а како негова замена на „Стенфорд Бриџ“ би требало да пристигне Чалканоглу.
Турскиот репрезентативец е еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во Бундес лигата, па Конте смета дека ќе биде одлично засилување за неговиот тим.
Чалканоглу е еден од клучните играчи на Баер Леверкузен па „сините“ ќе мораат да издвојат значителна сума за да ги убедат „фармацевтите“ да се откажат од него.