Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Metallica го објави долгоочекуваниот нов студиски албум со наслов Hardwired…To Self-Destruct, кој беше сниман во HQ студиото во Калифорнија, а продукцијата е потпишана од Грег Фиделман, Џејмс Хетфилд и Ларс Улрих.
Овој албум е прво студиско издание на култните Metallica после она од 2008 со наслов Death Magnetic. Претходно објавија три песни – Hardwired, Moth Into Flame i Atlas, Rise кои авторски се потпишани од Џејмс Хетфилд и Лард Улрих.
Новото издание во материјално, но и дигитално deluxe издание доаѓа на дури 3 CD-а, а содржи авторски песни но и обработки на песните како Remember Tomorrow од Iron Maden или When A Blind Man Cries од Deep Purple.
По повод објавувањето на новиот албум, Metallica ќе објави видео спотови за сите песни од албумот на нивниот YouTube канал, од кои неколку се веќе достапни.