Барса го наjде наследникот на Луис Енрике


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесуваат каталонските медиуми Луис Енерике нема да го продолжи договорот со Барса, па Каталонците се приморани да размислуваат за негов наследник, исто како пред четири години кога клубот го напушти Пеп Гвардиола.

Медиумите тврдат дека Луис Енрике веќе донел конечна одлука и дека неуспешни биле сите обиди на раководството да го убедат да го продолжи договорот.

Во 2012 година кога Гвардиола го напушти „Камп Ноу“ него го замени неговиот помошник Тито Виланова, па истиот случај може да се повтори и сега. Имено, на местото на Луис Енрике да седне неговиот прв асистент Хуан Карлос Унзуе.

Хуан Карлос Унзуе е поранешен шпански голман кој во својата кариера две сезони помина во Барселна, но не остави голема трага бидејќи запиша само 5 настапи.

Откако се пензионираше во 2003 година наврзо се врати на „Камп Ноу“ во улога на тренер на голманите, кога прв тренер на Каталонците беше Франк Рајкард.

По заминувањето на Холанѓанецот Унзуе ја задржа својата позиција и кај Пеп Гвардиола, а подоцна му стана прв помошник на Луис Енрике во Селта, па потоа и во Барселона