Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џанлуиџи Донарума е вистинска сензација во фудбалска Европа и многу клубови се спремни да потрошат огромни пари за да го видат во своите редови.
Момчето кое со само 16 години дебитираше за Милан, веќе втора сезона блеска во дресот на „росонерите“ и несомнено е најголемиот талент во Европа.
Неодамна стана најмладиот дебитант во историјата на италијанската репрезентација, и важи за легитимен наследник на Џиџи Буфон.
Погледнете ја компилацијата од најдобрите одбрани на Донарума – момчето е едноставно неверојатно!