Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарот кој предизвика бес кај Лионел Меси и останатите аргентински репрезенативци со објавата дека Езекил Лавеци пушел марихуана не остапува од своите тврдења и спремен да иде на суд.
Аргентинските репрезентативци предводени од Лео Меси во вторникот најави бојкот кон медиумите. Микрофонот го зеде Меси и изјави дека никој од играчите повеќе нема да дава изјави за медиумите.
„Трпевме многу обвинувања и недостаток на почит и никогаш не рековме ништо. Знаме дека многу од вас не се такви, но да правите проблеми во нечиј приватен живот е многу сериозна работа“, изјави Меси.
Тоа беше реакција на објавата на новинарот Габриел Анело кој тврдеше дека Лавеци пушел марихуана во кампот на репрезентацијата.
Лавеци експресно се демантираше и најави тужба против новинарот, но Анело тоа воопшто не го погоди. Истакна дека целосно стои зад својата изјава и се надева дека случајот ќе заврши на суд.
„Се надевам дека Лавеци ќе ме тужи за да можам да изнесам на видело уште валкани работи“, изјави Анело.