Малку контроверзен метод: Неверството како терапија за незадоволство во бракот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во минатото, разводот оставал бреме на срам врз разведените. Денес, тоа бреме лежи врз луѓето што ќе одлучат да останат во врската во која се незадоволни.

(29) му дозволува на сопругот да има авантури кога излегува со другарите, бидејќи тој многу сака дете, а таа е концентрирана на кариерата, па на тој начин го „компензира“ она што не му го дава. Според статистиката, на 2,7 двојки доаѓа еден прељубник, што значи дека секоја трета двојка има по еден неверен партнер. Според истражувањето, 85% од луѓето ја осудуваат прељубата, но 60% мажи и 45% жени и самите биле неверни. Токму оваа статистика принуди голем број терапевти, кои до вчера настојувале да спречат неверство, да размислат за тоа што носи прељубата и да ѝ пристапат на поинаков начин.

„Речиси сите сексуални терапевти веруваа дека не постои начин за закрепнување на бракот во кој се замешало трето лице“, смета сексуалната терапевтка д-р Тами Нелсон, една од зачетничките на оваа струја, и додава: „Но денес двојките се многу помалку попречени од правни, морални и општествени норми кои ги спречуваа нашите родители да бидат неверни.“

Д-р Нелсон смета дека поради таквиот начин на живот сме станале почувствителни за прељуба, па на своите клиенти им помага да ги договорат правилата за изневерување, кои ќе имаат најмалку последици врз нивната врска. Сето тоа го опиша во книгата „Нова моногамија“, во која објаснува дека е клучен т.н. договор на моногамијата, кој содржи сет од насоки кои партнерите мора да ги одредат уште пред врската да им стане сериозна, а во кои е дефинирано што е прифатливо за нив, а што не е, т.е. каде се границите на неверството.

„Не мора да потпишете писмен договор,  но мора јасно и прецизно да се договорите како сакате да изгледа вашата моногамија“, објаснува д-р Нелсон, која договорот го нарекува предбрачен договор на срцето, кој наместо финансиите ви го заштитува срцето. Звучи како радикален и неморален концепт, но д-р Нелсон истакнува дека секој од нас веќе има имплициран договор во својата потсвест, кој се подразбира, иако со партнерот не разговарал за него.

На пример: „Тој веќе нема да гледа порнографија бидејќи е со мене“ или „Сигурен сум дека таа знае дека бакнежот со друга жена во пијана состојба не се смета за прељуба“. Со вербализација на своите погледи за неверството во самиот почеток на врската ќе се спасите од евентуална болка подоцна, кога ќе сфатите дека имате различни одговори на прашањата: „Дали е во ред да се гледам со бившиот? Дали треба да кажеме кога мастурбираме? Дали онлајн-флертот се простува? Дали блиското пријателство со колегата спаѓа во емотивно изневерување?“. Барбара (28) и Роберт (34) одлучиле да ја зачинат врската со „секс во тројка“. Се договориле третото лице да биде маж, бидејќи Барбара била многу љубоморна. И цело време, тие двајца да одржуваат контакт со очите и со допири. „Нашата врска е многу посилна сега, бидејќи и двајцата сме целосно отворени еден кон друг“, објаснува Барбара.