Спектаторското „Око на градот“ од пријателот Божо Зимски од денес во „Јавна соба“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прилепскиот фотограф Божидар Барлакоски утревечер ќе ја отвори својата прва самостојна изложба во Скопје, во „Јавна соба“.

Насловена „Окото на градот“ содржи 37 фотографии, кои се многупати наградувани на домашни и меѓународни конкурси.

„Погледнете ја урбаната средина низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот. Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, се вели во повикот за настанот.

Изложбата ќе биде отворена и во наредните неколку денови, а е од продажен карактер.