Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во ’70-те, ’80-те и ’90-те години од минатиот век, фотографот Крис Порш во период од 40 години се шеташе и фотографираше низ градот Петербороу, во Кембриџшир , Велика Британија, при што направи фотографии од стотици неверојатни знаци, луѓе и нивното опкружување.
Денес, 40 години подоцна, Порш се впуштил во потрага по истите луѓе, за да ги фотографира на истото место како и пред неколку децении. Оваа негова мисија резултираше со прекрасни средби и речиси идентични пози како и пред многу години. Сите фотографии тој ги обедини во една книга со наслов Reunions, со текст од писателот Џо Рилеви, кој ги раскажува животите на луѓето низ фотографиите.