Престрелка на Партизанска – едно лице рането и префрлено на КАРИЛ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доцна синоќа, пред полноќ, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ (во правец кон Центар) и улицата „Париска“ во Скопје, превртен е автомобил со скопски регистерски таблички, марка Голф 5 (сива-металик боја), при што од возилото е извлечен 46-годишниот Даниел Трајковски, во тешка здравствена состојба, кој веднаш, со Брза Помош бил префрлен во Ургентниот центар, на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје.

Идентитетот на Трајковски официјално не е потврден од МВР, но, со сигурност се знае дека тој е сопственик на возилото.

Според неофицијални информации на „24 Вести“ на сообраќајката и’ претходела бркотница со автомобили, која очевидци ја забележале од кај бензинската станица „МакПетрол“ во населбата Карпош 3, при што било пукано од второ, засега непознато возило во движење, по што, откако бил ранет Трајковски, ја изгубил контролата врз својот автомобил и удирајќи во бетонска жардиниера од булеварот „Партизанска“, се превртува неколку пати. Сторителот засега е во бегство и е непознат за полицијата.

Мотивите за нападот не се познати засега, но, не се исклучува можноста за некаква одмаздничка акција.

Даниел Трајковски инаку, и досега во МВР пријавувал обид за напад врз него, а при последната пријава лани, сведочел дека бил пресретнат од црн автомобил „Пасат“, од каде сакале да пукаат на него.

Според неофицијални болнички извори, ранетиот Трајковски бил погоден со четири куршуми – во слезината, градите и во вратот, при што веројатно му е отстранета слезината. Трајковски бил во свесна состојба и ќе биде хоспитализиран во следниот период поради закрепнување.

Повеќе информации и детали, надлежните најавуваат во текот на денешниот ден.

(Видеото е во сопственост на телевизија 24 Вести)