Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги достави листите со кандидати за пратеници.
Носител во првата изборна единица на коалицијата е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи Никола Груевски, Антонио Милошоски во петтата, Влатко Ѓорчев во ИЕ шест, а во седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.
На новинарско прашање во однос на позиционирањето на лидерот на ВМРОДПМНЕ во четвртата изборна единица, Димовски рече дека граѓаните во таа изборна единица најдиректно ќе одлучат кој треба да ја раководи Република Македонија и кој треба да биде премиер на државата, дали господинот Груевски или господинот Заев.