Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неименувана девојка го направила експериментот со пиење по четири чаши вода на празен желудник и детално го опиша она што го почувствувала како промена благодарение на оваа секојдневна рутина, пренесува Brightside.
Еден ден, откако подолго време постојано се чувствувала уморна, девојката се запрашала „што прават жените во Јапонија што имаат толку фина кожа и одржана фигура?“ Малку истражувала и открила дека јапонски обичај е да се пие вода на утро на празен желудник, па одлучила да го проба тој рецепт. Еве ги нејзините совети откако ги видела резултатите од таа рутина.
1. Веднаш после будење, пред да ги измиете забите, на празен стомак испијте четири чаши вода. Ако ви е тешко да испиете толкава количина вода наеднаш, почнете постепено додека не стигнете до зададената количина.
2. Не јадете ништо во наредните 45 минути. После 45 минути можете нормално да јадете и да пиете.
3. Два часа после доручекот, ручекот и вечерата ништо немојте да јадете и да пиете.
А еве ги и промените кои ги забележала.
Се чувствувала посвежа и поздрава. Неколку дена откако почнала да ја практикува таа рутина, почнала да се чувствува поленсо, а потенцира дека почувствувала оти телото полесно се ослободува од токсините.
Нејзиниот метаболизам работел позабрзано. „Престанав да чувствувам глад на секој еден час“, вели таа и додава дека ја изгубила желбата за грицките кои ги консумирала меѓу оброците, како и дека има повеќе енергија.
Ги намалила вишокот килограми. Бидејќи не чувствувала глад како претходно, јадела сè помалку и така се ослободила од вишокот килограми без многу мака и напор. Секако, вишокот енергија која го имала го користела во вежбање и одржување на своето тело.
Исчезнало чувството на киселини. Откако почнала да го практикува методот со водата, почувствувала дека исчезнале проблемите со лошото варење на храната, како и подуеноста и тегобноста после секој оброк.
Нејзината кожа почнала да добива на сјај и убавина. Луѓето претходно и кажувале дека изгледа постаро за годините, а сега здравјето на нејзината кожа е подобрено.
Има поубава и поздрава коса. Претходно на кратењето на врвовите од косата морала да оди два пати месечно, а сега косата не и пука толку и има поголем сјај.
Се ослободила од уринарните инфекции. Тврди дека третманот со водата ги решил и нејзините уринарни проблеми. Веќе не чувствува пецкање додека мокри, благодарение на овој третман.
Долго време се нема поболено. За тоа е убедена дека е заслужен третманот со водата на празен стомак, кој го подобрил нејзиниот имунитет.