Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Компанијата Hershey, која ги произведува популарните Kit-Kat чоколада, пријатно го изненади студентот на државниот универзитет во Канзас, Хантер Џобинс, подарувајќи му 6.500 чоколади Kit-Kat.
Џобинс за новинар од локалниот весник The Wichita Eagle ја раскажа приказната како се случило сето тоа. Некој од неговиот незаклучен автомобил паркиран пред студентскиот дом му зел чоколатце Kit-Kat и му оставил покара зошто го направил тоа. На тоа веднаш реагирале од Hershey.
„Автомобилот го оставив отклучен бидејќи брзав, а кога се вратив на местото каде што ми стоеше чоколатцето, најдов порака во која пишуваше: Ги обожавам Kit-Kat чоколатцата. Видов едно во твојот автомобил, проверив дали е отклучена вратата – не беше, па не можев да одолеам и го зедов чоколатцето. Извини, бев гладен“.
Џобинс пораката ја фотографирал и ја објавил на Твитер, преку социјалните мрежи приказната стигна до некој од челниците на Hershey, па тие брзо реагираа на тоа користејќи ја ситуацијата за добар маркетиншки потег и буквално му го наполнија автомобилот на Џобинс со Kit-Kat чоколатца, вкупно 6.500 на број. Тој нив ги подели со своите колеги, а објави и фотка од автомобилот полн со чоколатцата.