Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилски турист кој се обидувал да направи селфи во музејот во Лисабон превртел и уништил скулптура од 18 век.
Станува збор за скулптура на Свети Архангел Михаил, изложена во Националниот музеј за древна уметност во Лисабон. За време на слободната посета, туристот од Бразил, чие име не е откриено бидејќи се води истрага за случајот, се обидел да направи селфи и во тој момент на подот ја турнал споменатата скулптура која при падот се искршила на неколку парчиња.
Фотката од искршената статуа ја направи Нуно Мигел Родригес и истата набрзо беше вирално споделувана на социјалните мрежи. Заменик директорот на музејот, Жозе Алберто Сеабра Карваљо изјави дека музејот работи долго време и никогаш досега им се нема случено вакво нешто.