Home Спорт Кун Агуеро го откри името на наредниот клуб!

Кун Агуеро го откри името на наредниот клуб!

Напаѓачот на Манчестер Сити и според многумина најдобриот напаѓач во Премиер лигата, Кун Агуеро јавно проговори за својата иднина.

Агуеро откри дека нема никакви проблеми со тренерот Пеп Гвардиола и стави крај на шпекулациите за негови заминување од „Етихад“.

„За сега се чувствива одлично во Манчестер Сити, а кога ќе го напуштам тој клуб се селам во Индепендиенте. Што се однесува до шпекулациите не им обнувам внимание. Среќен сум во Сити и со работата со Пеп“, истакна Агуеро.

Аргентинскиот Индепендиенте е клубот каде Агуеро почна да игра фудбал пред да се пресели во Европа и во неколку наврати истакнува дека токму таму сака да ја заврши кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт

Напишете коментар

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…