Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси.
Еве ги накусо забелешките:
- Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива;
- Цивилно општество: Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола;
- Јавна администрација: Се забележува напредок, иако ограничен. Има недоволен напредок во имплементацијата на претходните препораки на Комисијата;
- Судски систем: Се забележува назадување од 2014 година и реформите имплементирани од претходната декада се поткопани од политичкото влијание. Опструкциите со кои се соочи новоформираното Специјално јавно обвинителство го покажуваат недостигот од независност на судството и недостигот од спречување на селективна правда;
- Борбата против корупцијата: Има некое ниво на подготвеност, но корупцијата е застапена во многу области и тоа е сериозен проблем;
- Заштита на човековите права: Треба да се вложи повеќе напор за да се осигури почит на човековите права на ранливите категории, вклучувајќи ги мигрантите и бегалците;
- Слобода на изразување: Ситуацијата со медиумите останува сериозен предизвик во сегашната политичка клима;
- Мигрантска криза: Земјата сè уште е погодена кризата, но земјата продолжува да соработува со соседните земји, како и со земјите членки на ЕУ;
- Економија: Висока невработеност на младите и ниска конкурентност на домашниот приватен сектор, каде што има слаба примена на договорите и отежнат пристап до финансиите. Јавниот долг и понатаму се зголемува. Потребни се инвестиции во јавната инфраструктура за зголемување на конкурентноста.