Кој град во Европа има најмногу прволигаши?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако секој најпрво би помислил дека станува збор за Лондон, сепак точниот одговор е главниот град на Исланд, Рејкјавик кој оваа сезона има дури седум тимови кои се натпреваруваат во најсилната лига.

Лондон е шампион во Европа по бројот на клубови кои ги има, но и град со најголем број изгаснати фудбалски клубови.

Од регионот град со најмногу клубови во првата лига е Белград кој има пет тима, додека Скопје има три исто колку Загреб и Сарајево.

Португалската престолнина Лисабон има четири прволигаши, но во тој град постојат уште 12 клубови во пониските лиги, а исто толкав број има и Москва.

Лондон:
Арсенал
Челзи
Кристал Палас
Тотенхем
Вест Хем Јунајтед
Ватфорд

Рејкјавик:
Брејдаблик
Фјорнир
Филкир
КР
Валур
Викингур
Бротур