Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска на прес-конференција информираше дека се откажува од добитното пратеничко место на листата на СДСМ.
Се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега. Никогаш не сум жалела за моите постапки, нема ни сега, рече Поповска.
Поповска кажа дека по Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе каже на коалициониот партнер СДСМ кој ќе стои на таа позиција.
Кандидатурата на Поповска наиде на жестоки реакции во јавноста по вчерашната одлука на СДСМ таа да добие загарантирано пратеничко место во втората изборна единица.