Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
’70-те години од минатиот век, во Палм Спрингс, почна да се одржува женски голф турнир кој со тек на време стана најголемата и најмасовна лезбијска забава на светот. Екипата на Vice истражуваше како овој спортски настан се претвори во центар на светот за жените кои преферираат љубовници од истиот пол, а Кенан МекВилијам отпатува таму за на лице место да провери што се случува кога на едно место ќе се соберат 50.000 лезбијки од цел свет.
Бидејќи ниту една од нејзините геј пријателки не сакала да оди со неа, Кенан во Палм Спрингс се упати сама и се смести во хотел со уште неколку илјади жени.
„Dinah Shore Weekend името го добил според жената која го организирала првиот голф турнир за жени, а бидејќи голфот се смета за геј спорт, со тек на време на овој настан почнаа да се собираат сè повеќе и повеќе жени“, вели Сабрина Џејлс, стенд-ап комичарка и писателка која секоја година оди во Палм Спрингс.
„Чувството да дојдеш меѓу оние кои се слични на тебе, со кои делиш исти интереси и начин на живот, е одлично. Кога прв пат стигнав овде, помислив дека сите овде сме заедно во проектот за разочарување на нашите родители“, вели Сабрина.
„Штедиме пари и држиме диети за покрај базените да изгледаме што подобро“, вели една девојка во изјава за новинарката, објаснувајќи дека сексуалната енергија во Палм Спрингс е неверојатна.
„Изгледот не е важен. Важен е контактот со очите, секоја жена е убава на свој начин“, вели друга учесничка која се забавуваше заедно со споменатата новинарка.