Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
A1.On ги објави коплетните листи од опозициската СДСМ со кои тие ќе настапат на претстојните предвремени парламентарни избори во декември. Во првата изборна единица каде што носител е Стево Пендаровски има едно добитно и едно потенцијално добитно места за Шарената револуција. На петттата позиција на листата е Павле Богоевски, а на деветтата позиција е Ивана Туфегџиќ од Студентскиот парламент.
На листата добитни места имаат и Рената Десковска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. Од коалицијата со добитно место и шесттата позиција на Лилјана Поповска, а Ердоган Сарач е на десеттата позиција.
Во втората изборна единица каде што носител ќе биде Оливер Спасовски, следуваат Фросина Ременски, Мухамед Зекири,Ферид Мухиќ на петтата добитна позиција.
Во третата изборна единица каде што носител е Љупчо Николовски, следуваат Благоја Бочваров и Јагода Шахпаска.
Зад Зоран Заев во четвртата изборна единица е Хари Локвенец и Катерина Кузмановска. Координарот на СДСМ, Сугаревски го нема на листата.
Петта изборна единица ја предводи Радмила Шекеринска, а по неа следува Кирацовски. Таму има добитно емсто и за ПЕИ.
На листите ги нема Лидија Димова, Софија Куновска, Панче Орцев, ниту Никола Димитров за кого се спомнуваше дека може да биде кандидат на СДСМ.