По два часа распит, Мијалков го напушти СЈО без да даде изјава


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По двочасовен распит, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков замина од просториите на СЈО.

На излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, Мијалков не сакаше да даде изјава пред новинарите и само кусо прокоментира дека тоа ќе го стори во друга прилика.

Од СЈО потврдуваат дека поранешниот директор на УБК бил повикан да да де исказ за случајот „Тортура“.

Отаму велат дека Мијалков дал исказ за предметот „Тортура“, како задолжително истражно дејствие што се презема според Законот за кривична постапка.

Во СЈО Мијалков беше заедно со својот адвокат Никола Додовски.

Инаку, Мијалков е првоосомничен во случајот „Тортура“, односно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски, еден ден по изборите во 2011 година. Освен него, во овој случај осомничен е и командантот на специјалната единица „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и неколкумина други припадници на оваа единица.