Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина од нас губат многу време во пребарување и купување на автобуски карти за одредени дестинации. Наскоро на македонската стартап сцена ќе се појави стартап кој ќе го реши токму овој проблем.
Се работи за bus.mk, паметна платформа преку која лесно и едноставно ќе можете да ја најдете најсоодветната релација за вас и истата да ја резервирате. Сето ова ќе го правите со помош на вашиот личен интелигентен асистент за патување, чие име е Ејми.
Ејми ќе може за многу кратко време да прави резервации за вас и со тоа да ви ги олесни секојдневните проблеми и губењето време на пребарување. Ејми исто така патува на повеќе локации и ви дава препораки од прва рака за местата што треба да ги посетите, каква храна да пробате и слично, кога сте на одредено патување. Досега, Ејми патувала во Истанбул, Виена и Берлин, па на веб страната можете да ги најдете нејзините приказни.
На веб сајтот на bus.mk исто така можете и да се зачлените за најновите информации и први да дознавате за ексклузивните објави на платформата. Фејсбук страницата на платформата можете да ја најдете тука, а преку нивната веб страна можете да ги следите и на останатите социјални медиуми.
Bus.mk за прв пат беше најавен во рамки на Техноинвент 2016 минатата сабота, а стартапот е дел од Codequbate.ME програмата на Стартап Зона.